Еден од лидерите на Исламска држава (ИСИС, Даеш) со уште 400 милитанти се пробил од Сирија во Европа со бегалскиот бран,пишува Дејли мејл повикувајќи се на извори од италијанските безбедносни служби.Според информациите на британскиот весник, станува збор за одредот кој го предводи „Касапот од Качаник“ – косовскиот џихадист Лавдрим Мухаџери, попознат по псеводнимот Абу Абдулах ал Косово.
Мети на терористите се државните институции на Косово и Српската православна црква.
Дваесет и седумгодишниот Мухаџери е по потекло од Македонија. Тој се појави во Сирија кон крајот на 2012 година и беше повеќе пати снимен во пропагандни видеа на ИСИС. На интернет беа објавени фотографии на кои тој им ги сече главите на заробениците, но и видео во кое убива човек со рачен ракетен фрлач.
Враќањето на Мухаџери на Балканот, според италијанските разузнавачи, претставува многу сериозна закана не само за регионот туку и за голем број еврпски земји каде косовскиот џихадист (кого американскиот Стејт департмент го стави на терористичката листа уште во 2014) има голем број контакти и може да организира напади.Според информациите на британскиот весник, станува збор за одредот кој го предводи „Касапот од Качаник“ – косовскиот џихадист Лав