На новосадскиот црн пазар се појави кобровка, азиски пијалак кој се точи во шишиња во кои има препарирана кобра, скорпија или корења од билјата шенжен. Овој коктел важи за одличен афродизијак, а сето ова е проследено со одличен маркетиншки трик дека ги лекува речиси сите болести.Имено, станува збор за змиско вино кое се прави од ориз. По ферментацијата во шишињата се ставаат змии, скорпии и виното е безбедно за консумирање. Наводно има лековити својства, а се користи во Кина, Тајланд и Виетнам, од каде што туристите често го пренесуваат како сувенир.
„Кобровка“ се продава и на „Фејсбук“ и извесна Маријана, која е застапник за Србија за Блиц.рс, вели дека луѓето полуделе за овој несекојдневен лек.
– Немам работа и често со мајка ми одиме во Сегедин да пазариме. Еднаш со нас беше и моето момче, па додека ние пазаревме, тој налета на еден Кинез, кој му понудил кобровка и си рековме дека е многу добар подарок за еден другар на кого требаше да му бидеме кумови. Друштвото беше одушевено од подарокот, сите почнаа да бараат и не прашуваа за цена, колку чини – толку – раскажува Мирјана.Имено, станува збор за змиско вино кое се прави од ориз. По ферментацијата во шишињата се ставаат змии, скорпии и виното е безбедно за консумирање.