Напливот на бегалци надмина 1 милион минатата година, пишува Ален Коен за Хафингтон пост кој е висок претставник на Атлантскиот совет, официјална невладина организација на НАТО. Тој е специјалист за безбедносни прашања има 6 книги зад себе и бројни авторски текстови.Западот вклучувајќи ги и САД но особено ЕУ, не смее да чека повеќе по однос на оваа криза која допрва ќе се развива, а истата да прерасне во „црн лебед“ или пак црна дупка. Македонско-грчката ситуација бара внимание и тоа веднаш, а тоа не е единствениот проблем. Во тек е внатрешно политичка битка во Македонија која по сите изгледи наликува на „обоена револуција“, истата охрабрена од ЕУ и САД, пишува Коен.
Тој додава дека така наречените „обоени револуции“ биле именувани по портокаловата револуција која се случи во 2004-2005 година во Украина.
-Истите движења работеа и во времето на расадот на комунизмот, како што е случајот на Србија и Грузија, но не беа успешни во Казахстан или Арапскиот блиски исток. Поддржани од американската влада, левоориентираните американски невладини организации и богати спонзори, обоените револуции кај јавноста познати како арапска пролет прераснаа во Муслиманско братство кое го презеде Египет и донесе крвопролевање и хаос во Либија и Сирија. Подржувајќи истите да се случат на Балканот во време на сериозна мигрантска криза ќе резултира со катастрофа. Сржта на проблемот е левоориентираната СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев, истите поразени во низа избори во државата кои се уште ја немаат поддршката од народот. Наместо да се соочат со електоратот, Заев и неговата партија ја следат и поддржуваат обоената револуција, носејќи свои партиски поддржувачи, учествувајќи во насилство на улиците. Кога во 2015 година го направија истото што и сега, интервенираше ЕУ како медијатор сето тоа резултираше со потпишување на договорот од Пржино, со кој беше договорено да се одржат избори на 22 април 2016 година. Како резултат на притисокот од страна паријата предводена од Заев, датумот за избори беше преместен за 5 јуни. Сега, Заев кој инаку е обвинет за објавување на тајни аудио записи и уцена на власта искористувајќи ги истите, повторно сака одложување на изборите пишува Коен.
Високиот претставник на Атлантскиот совет пишува дека најпопуларен лидер во Македонија е поранешниот и, како што вели, по се изгледа иден премиер на Македонија, Никола Груевски.
-Под негово лидерство државата направи импресивен економски раст, со најбрзорастечки БДП во 2015 година на Балканот за 3,7%. Социјалниот, здравствениот и образованиот сектор исто така беа подобрени. Партијата која ја предводи Груевски е про западно ориентирана, (Демохристијанска партија) е популарна и истата има длабоки историски корени и пред комунистичката ера. ВМРО-ДПМНЕ предводена од Груевски на спроведените истражувања, покажува константно подобар рејтинг од опозициската партија. Албанската партија, помалиот коалиционен партнер, исто така го поддржува спроведувањето на изборите. ова е многу важно за етничкиот соживот и мир помеѓу Македонците православни христијани и малцинството на Албанци муслимани. Резултатите од истражувањата на Траспаренси интерннешнл, покажуваат дека Македонија е далеку подобра од нејзиниот сосед Бугарија, Турција, Албанија и Косово. Последните немири се случија како резултат на аболицијата која ја донесе претседателот, наменета за политичари за кои има сомневање дека се вмешани во скандалот со прислушувани разговори. Специјалното јавно обвинителство, кое настана како резултат на договорт од Пржино, започна да биде политизирано и блиско до опозицијата, подели обвиненија и имаше а цел и понатаму да го прави истото, што ќе резултираше со граѓански немир. Додека владејачката партија ги отфрли аболициите, Заев ги повика граѓаните да излезат на улица, кои започнаа да палат и да уништуваат имот, како на пример канцеларијата на претседателот, канцеларија на радио станица, Министерството за правда. Насилството воопшто не е својствено за демократија.Употребата на овие тактики се се’ поцинични бидејќи истите се користат за потпалување на огинот. Партијата на Заев ги извлекува тинејџерите на улица за да побегне од избори по секоја цена, пишува Коен.Западот вклучувајќи ги и САД но особено ЕУ, не смее да чека повеќе по однос на оваа криза која допрва ќе се развива, а истата да прерасне во &bdquo