Балканот во страв: Припадник на ИСИС преку тајни канали влегол во Србија!

Српската полиција веќе неколку дена интензивно трага по Абдула Басет Ел Сароут од Сирија, истакнат припадник на ИСИС, за кого се верува дека преку илегални канали со мигранти влегол во Србија и моментално се крие на територијата на Белград, пишува „Alo.rs“.Сароут се смета за лидер на сириските бунтовници во својот роден град Хомс, а многумина го опишуваат и како “икона на сириската пролет”,, бидејќи станува збор за многу популарен Сириец кој бил голман во фудбалската репрезентација на оваа земја. Токму поради тоа му го дале и прекарот “Чувар на Револуцијата”.
“Никој не знае како влегол во Србија и дошол до Белград. Според податоците со кои располагаме, станува збор за важен член на терористичката организација ИСИС. Не се знае ни дали е вооружен, ниту дали е во нашата земја по некоја специјална задача, ниту дали има намера да продолжи понатаму”, објаснува добро известениот извор на Alo.rs.
Абдул инаку е поранешен голман на сириската репрезентација и клубот Карам, а на самиот почеток на бунтот во Сирија им се приклучил на силите на опозицијата. Бил нивен истакнат активист и управувал со воените акции на вооружените сили на опозицијата.
Меѓутоа, тој се приклучил кон ИСИС откако ја обвинил опозицијата дека ја предала сириската револуција. Поради својата популарност и борбата против режимот во Сирија, за него биле снимени и филмови. Еден од нив е “Враќање во Хомс”, документараец од 2013. година.
Никој од неговите пријатели не знае каде се наоѓа, бидејќи, како што пренесуваат арапските и западните медиуми, од време на време се јавува на телефон. Често се шпекулирало дека е мртов, но тоа секогаш го демантирал со некоја фотографија или видео-порака на интернет. Последните информации велат дека е во Србија.
Сите четворица негови браќа биле убиени од сириските сили за безбедност. Неговиот чичко, Мохе Еден Ел Сароут, бил убиен во ноември 2011. година во Хомс.
Според пишувањето на светските медиуми, шеријатскиот суд побарал во март оваа година од Абдул Сароут да се предаде за да не му се суди во отсуство, што тој одбил. Досега преживеал најмалку три атентати.Сароут се смета за лидер на сириските бунтовници во својот роден град Хомс, а многумина го опишуваат и како “икона на сириската пролет”

Пронајдете не на следниве мрежи: