БАЛКАНСКИ ЗАВОДНИК: Овој модерен Казанова тврди дека се женел дури 46 пати!

Томислав Васиљевиќ (73), попознат како Тома Пицулин од Адран кај Краљево, тврди дека женел дури 46 пати!Тој вели дека не се сеќава на поголемиот дел од своите жени, како ни на кумовите. Томислав вели дека никогаш однапред не знаел кој ќе му биде кум. Секој пат кога би одел со идната невеста во општината, тој би наоѓал кумови по пат.
На последниот кум налетал пред една продавница, кога тој и тогашната негова избраничка тргнале да се венчаат.
-Се сеќавам дека еден октомври бев со 33 жени, повеќе колку што месецот има денови. Бев и со неколку познати пејачки. Жените ми се како дрога, само гледам која ќе ја „соборам.“ Ги познавам жените, имам моќ да ги заведам и знам да им кажувам добри приказни. Жените не можат да се извлечат кај мене – ја започнува својата приказна Тома Пицулин или Казанова од Морава, додавајќи дека веќе две години е сам и дека не планира повеќе да се жени.
Томислав Васиљевиќ вели дека во Србија, но и пошироко, не постои човек кој бил со повеќе жени од него.
-Потрошив доста пари на жени, но и земав многу од нив. Никогаш не сум пиел, не пушев, работев многу и заработував. Да немав пари, веројатно и не би бил со толку жени – вели Тома, додавајќи дека добар дел од капиталот го имал стекнато од богатите жени.
Овој Казанова вели дека е таков, бидејќи кога неговата мајка кога го родила, го завиткала во женска престилка. Вели дека цел живот само брка жени и размислува за нив. Во најдобро сеќавање му останала Вида, со која бил кога имал 14 години.

Првата негова жена се викала Миљана и доаѓала од богато семејство. За време на првиот брак му се родил и синот Слободан, кој денес има 45 години.
Томислав Васиљевиќ од тој раскошен живот со жените снимил три филма. Еден од нив се викаше „Човекот кој многу ги сакаше жените“.
– Еднаш имав три жени во куќата и со сите три спиев во ист кревет. Едно утро во собата ми влезе соседот за да ме праша нешто. Кога ме виде, толку се збуни, што на враќање удри со главата во столб – вели Томислав.
Томислав во 80-те години живеел во Германија. Таму вели дека работел долго време, но ѓаволот не му давал мир, па и таму постојано ги бркал жените. Вели дека бил со жени од сите националности и бои, но најмногу му се допаѓале Јапонките.
– Многу се добри. Сексот со нив е фантазија – објаснува Томислав, додека ги мести своите бркови.
На прашањето како е можно да има само едно дете, а бил со толкав број жени, Тома вели дека можеби тоа е така бидејќи тие не останувале долго со него во врска.Тој вели дека не се сеќава на поголемиот дел од своите жени, како ни на кумовите. Томислав вели дека никогаш однапред не знаел кој ќе му биде кум.

Пронајдете не на следниве мрежи: