Резултатите од анкетите, особено оние меѓународните, во Македонија во голема мера се потврдуваат, вели во својата анализа реномираната словенечка новинарка Каварна Хајек, која пишува за повеќе медиуми.Таа ја анализира состојбата во македонската политика и очекуваните резултати од изборите кои следуваат, поткрепувајќи го својот текст со анкетите кои го мерат рејтингот на партиите и докажуваат во кого македонските граѓани имаат најмногу доверба.
-Во Македонија на пример, каде што се објавуваат исто така анкети на јавното мнение од американскиот републикански институт ИРИ и меѓународната агенција Галуп, споредбено резултатите од анкетите и изборните резултати покажува дека предизборните анкети веродостојно го прикажуваат исходот од изборите, односно вистинското мислење на граѓаните. И затоа на таквите објавени анкети им се верува. На пример, меѓународните институции ги објавија резултатите од последните анкети според кои владејачката ВМРО-ДПМНЕ има два пати поголем рејтинг од опозициската СДСМ, претседателот на владеачката ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски има три пати поголема поддршка од претседателот Зоран Заев лидерот на опозицијата. Читателот чита и врз база на искуството од претходните години, кога анкетите го отсликале изборниот резултат, верува и излегува на гласање. По своја волја. За едните или за другите. И изборните резултати како по правило уште еднаш ги потврдуваат резултатите од анкетите на јавното мнение стои во текстот.
И другите медиуми од регионот ги анализираат рејтинзите на македонските политички партии и нивните лидери, користејќи ги како најрелевантни истражувањата за јавното мислење спроведени изминатиов период. Новинарите кои се потпишуваат зад ваквите текстови констатираат дека анкетите покажуваат огромна предност на ВМРО-ДПМНЕ, а опозицискиот лидер Заев кој има далеку помала поддршка од Груевски, продолжува со дестабилизација преку „обоена револуција“.
Таа ја анализира состојбата во македонската политика и очекуваните резултати од изборите кои следуваат, поткрепувајќи го својот текст со анкетите к