Македонската пејачка Есма Реџепова почина вчера во Скопје во 73-та година од животот, после кратка и тешка болест.Бројни колеги од Балканот ја искажаа својата тага на социјалните мрежи и се простија од Есма на своите профили.
Адил Максутовиќ на својот Инстаграм профил објави фотографија на која е прегрнат со покојната Есма, а во опис на фотографијата ставил тажни емотикони.
Пејачката Сандра Африка својата тага ја сподели со фановите и следбениците.
-Почивај во мир – напишала Африка во опис на постот кој го објави на Инстаграм.
Политичарот Чедомир Јовановиќ исто така го погоди смртта на Есма.
-Џелем, џелем… патиштата ќе ни бидат онакви какви што сме биле ние, патувај по својот прекрасен пат, прекрасна Есма – напишал Чеда.
Колешката на Есма, Лепа Лукиќ нагласила дека Реџепова беше позната по хуманитарната работа.
-Жал ми е, таа беше болна, а никој не знаеше. Многу ми е жал. Хуманитарно настапуваше и толку многу деца посвои – рекла Лепа.
Водителката Драгана Катиќ се потсетила на моментот кога Есма гостувала во емисијата „Никогаш не е доцна“.
-Живот за почитување – напишала Драгана.Бројни колеги од Балканот ја искажаа својата тага на социјалните мрежи и се простија од Есма на своите профили.
Адил Максутовиќ на својот И