Марио Балотели бил расистички навредуван од страна на навивачите на Интер, за време на дербито „Дел Мадонина“, кое ’нероазурите’ го одиграа против Милан, а кое заврши со резултат 1:1.Екстремните навивачи на Интер, познати како „Интер Ултрас“, на напаѓачот на Милан му мафтале со гумени банани кога тој ќе се најдел во недозволена офсајд позиција.Оваа информација проследена со слика до „Daily mail“ ја доставил очевидец кој сакал да остане анонимен плашејќи се од реперкусии од навивачката група на Интер.Другите фудбалери на теренот биле свесни дека Балотели е цел на расистичките навреди, во еден момент капитенот на Интер, Хавиер Занети, го фатил Балотели за раката гестикулирајќи му да го игнорира она што се случува на трибините.„Балотели добро реагираше на провокациите од трибините, жалам што не успеа да постигне гол. Можеше да постигне гол во првото полувреме, но не заборавајте дека тој беше под огромен притисок на овој натпревар, не заборавајте дека тој има само 22 години“, рекол тренерот на Милан, Масимилијано Алегри.Марио Балотели беше играч на Интер во периодот од 2006 до 2010 година, кога се пресели во Манчестер Сити, во јануари, тој за сума од 22 милиони евра направи трансфер во редовите на Милан.
МакфаксМарио Балотели бил расистички навредуван од страна на навивачите на Интер, за време на дербито „Дел Мадонина&ldq