четврток, 12 ноември 2026
Најново

Бананите би можеле наскоро да го заменат компирот во исхраната!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Климатските промени би можеле да доведат до тоа плодовите од семејството на бананата да станат клучна храна за милиони луѓе, открило ново истражување.Истражувачите од „CGIAR“ земјоделско друштво рекле дека овошката би можела да го замени компирот во некои земји во развој.
Луѓето ќе мораат да се навикнат на новата храна бидејќи традиционалните плодови се повеќе пропаѓаат и ја губат борбата за опстанок.

Истражувањето предвидува  дека одгледувањето на три главни калорични житарки: пченка, ориз и пченица ќе опадне во многу земји во развој. Научниците додале дека компирот, кој најдобро успева во поладните предели, може да претрпи пад на производство поради зголемување на температурите и промената на глобалната клима. Авторите полемизираат дека овие промени „можат да направат простор за одгледување одредени видови банани“ на повисока надморска височина, дури и на оние места каде моментално се одгледува компир. Постојат неколку стотина видови банани меѓу кои и плантаин, кој е брашнест и полн со скроб, како компирот, пренесува ВВС.Истражувачите од „CGIAR“ земјоделско друштво рекле дека овошката би можела да го замени компирот во некои земји во развој.
Луѓе

Поврзани вести