Германски банкар, очигледно премногу уморен, успеал да расположи еден пензионер префрлајќи му огромна сума од 222 милиони!
Банкарот сакал малку да одмори па ја спуштил главата на тастатура и заспал.
За некое чудо, успеал со главата да притисне број 2 на тастатурата и да префрли пари на еден пензионер. Банката во ист момент ја видела грешката и му ги одземала парите на „богатиот“ дедо, а целиот случај завршил на суд, бидејќи лидерите на банката ја отпуштиле шефицата на успиениот банкар.
Таа била обвинета дека трансакцијата ја допуштила намерно, но судот заклучил дека не е така, па жената е вратена на работа.
Германски банкар, очигледно премногу уморен, успеал да расположи еден пензионер префрлајќи му огромна сума од 22