Кога Барак Обама стана претседател на САД, насекаде одеше со својот Blackberry телефон. Имено, претседателот е огромен фан на компанијата RIM и нејзините уреди…Токму поради оваа причина, RIM и Белата Куќа соработуваа на изработка на посебен BlackBerry 8830 мобилен телефон, кој има специјална апликација наречена SecureVoice. Оваа апликација му дава пристап на претседателот до сензитивни информации од NSA (National Security Agency).
Во средата, Обама имаше посета од голем број на деца во Белата Куќа преку Affordable Care Act програмата. Кога децата се заинтересираа зашто претседателот користи таков „стар“ телефон, а не iPhone, тој им одговори дека тоа е заради сигурносни причини. Имено, софтверот на BlackBerry работи директно со оперативниот систем, а ваков вид на интеграција не бил возможен (во минатото) со iPhone.
Повеќе на GSM.MKТокму поради оваа причина, RIM и Белата Куќа соработуваа на изработка на посебен BlackBerry 8830 мобилен телефон, кој има специјална апликација нар