Барањето на СЈО и обвинителката Kатица Јанева за притвор на осумте лица по ниедна точка нема основ. Судијката донесе законито, правично и разумно решение. Ова е ставот на поранешниот ајвен обвинител Ставре Џиков, откако Основниот суд Скопје 1 утрово донесе одлука да го одбие барањето на катица јанева за одредување на мерка притвор за осум лица осомничени во случајот кој таа го нарече „Титаник“.-Распитот почна околу 17 часот. Ние колегите, покрај тоа што изложи колешката обвинител која го застапува предметот и предлогот за определување на мерка притовр за господинот Едмонд Темелко и за уште седум лица, сметавме дека сите тие основи кои ги елаборираше колешката и во писменниот предлог до судијата во претходна постапка и она што усно го изложи како обвинител, сметаме дека нивната аргументација во однос на самиот притвор, односно ограничување на слободата и изрекување на мерката притвор, сметаме дека по ниедна точка нема основ, вели Џиков.
Поранешниот ајвен обвинител вели дека му е драго што судијката која што постапуваше по тој предмет донела законито решение.
-Значи, ние сите во ова невреме каде што за жал има голема политичка пропаганда од сите страни, која навистина штети на имиџот на Македонија, а и на самите судски процеси, така да сметам дека судијката донесе едно не само законито и правично решение во однос на мерката притвор да не се определи, туку се донесе и едно разумно законско решение. Така што, драго ми е, господинот Едмонд Темелко се наоѓа на слобода и во постапката ќе учествува нормално, нема причина ни да бега ни да влијае на сведоци, бидејќи од нашиве сознанија презентитрани од страна на судијата во претходна постапка видовме дека СЈО презело обемна предистражна постапка во изведување на многу докази според нив, вели Џиков.
Џиков додава дека на бранителите сега им преостанува да направат увид во комплетниот предмет и да видат како ќе се движи понатаму истражната постапка.-Распитот почна околу 17 часот. Ние колегите, покрај тоа што изложи колешката обвинител која го застапува предметот и предлогот за определува