Откако вчера кривичниот суд му врати дел од доказите на Специјалното јавно обвинителство во врска со обвинителниот предлог за уништување документи произлезени од прислушувани материјали, за што се осомничени седум вработени во УБК, Владимир Панчевски, претседателот на основен суд Скопје 1 во изјава за ТВ Нова ја искоментира работата на СЈО, велејќи дека барањето на ова обвинителство претставува крајно непознавање на правото.-Барањето на СЈО претставува крајно непознавање на правото од страна на наведеното обвинителство, непознавање на Законот за кривична постапка и на праксата на работење во една кривична постапка. Како претседател на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, сериозно ме загрижуваат – начинот на кој постапува ова обвинителство, документацијата со која располагаат и ракуваат, како и последиците кои може да произлезат од ваквото незаконско постапување, а особено мојата загриженост произлегува од евентуално можни злоупотреби на класифицирани податоци и информации кои ова обвинителство веќе ги пушта во оптек без сериозен пристап кон степенот на нивната класификација и спротивно на одредбите од Законот за класифицирани информации и подзаконските акти кои ја регулираат оваа област, изјави Панчевски за ТВ Нова.
Тој додаде дека тоа што судот го побара од СЈО да достави акт за декласификација е обврска и должност на СЈО, како државен орган кој располагал и ја користел ваквата документација и претставува нивна одговорност кога истата ја пуштаат во правенпромет за потребите на кривичната постапка, со степен на класификација која би можела да се користи во судска постапка а од аспект на државна тајна, заштита на државата и пред се заштита на човековите права и слободи, бидејќи постапкатасе иницира од нивна страна.
Денеска СЈО побара и иземање на судијката која го доби предметот бидејќи се сомневаат во нејзината непристрасност од причини што нејзиното име се јавува во прислушуваните материјали. Судот попладнево го добибарањето од СЈО за иземање на судијката и за истото сеуште не е одлучено бидејќи претседателот има рок од 3 дена даодлучи по ова барање, одкако прво ќе поабара и изјава, по однос на наводите заради кои е поднесено барањет, од судијата за кој се однесува иземањето.
До конечно произнесување на претседателот во однос на иземањето, судијата неможе дополнително да постапува по предметот. Затоа во оваа фаза и нема законски услови да се постапува по обвинителниот предлог, а за ваквата состојба најдиректо одговорно е СЈО, кое прво процесуриа предмет пред судот, а потоа со своето непостапување сака да ја оструира работата на судот по конкретниот предмет.-Барањето на СЈО претставува крајно непознавање на правото од страна на наведеното обвинителство, непознавање на Законот за кривична постапка