БАРАТЕ РАБОТА? Овој човек ви нуди 1000 евра неделно!

Околу 10.000 луѓе од сите краишта на светот се јавиле на огласот за позицијата „тестер“ за куршуми од пушка за пејнтбол, кој го издаде британската компанија „UK paintball.“За работната позиција, за која е предвидена плата од 40.000 фунти годишно, не се јавувале кандидати само од Велика Британија, туку и од САД, Канада и Индија.
Британската компанија, која има преку 60 места за пејнтбол ширум Британија, наведува дека вработените биле изненадени од одговорот за оглас преку кој се бара некој кој ќе биде „тестер за влијанието на куршумот врз човечкото тело.“
„Кога го поставивме огласот, воопшто не очекувавме ваков неверојатен одзив. Не можевме да предвидиме дека толкав број луѓе сакаат да заработуваат од тоа некој да пука на нив“, рекол сопственикот на компанијата Џастин Тухиг.
Според неговите зборови, кандидатите наведувале разни вештини за да докажат дека тие се најсоодветни за работната позиција, вклучувајќи и еден кандидат кој рекол дека е дебел и дека затоа е тешко некој да го промаши.
„Ќе биде навистина тешко да одбереме само еден од илјадниците пријавени кандидати“, вели Тухиг.За работната позиција, за која е предвидена плата од 40.000 фунти годишно, не се јавувале кандидати само од Велика Британија, туку и од САД, Канада

Пронајдете не на следниве мрежи: