Баравме итна седница за струшката депонија, но не беше закажана- какво е тоа решавање на сериозен проблем по 2 месеци?

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ уште во месец јуни побараа итна собраниска седница за решавање на проблемот со струшката дива депонија, но таква седница не беше закажана, а сега штетите кои настанаа се огромни, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Владата на Република Македонија уште еднаш покажа и докажа дека решавањето на проблемите на граѓаните не се нејзин приоритет. Несериозно и неодговорно е Владата после повеќе од два месеци, откако секојдневно граѓаните на Струга се гушеа од запалената дива депонија, да донесе одлука за итно решвање на овој сериозен проблем. Владата на Република Македонија дозволи два месеци дивата депонија во Струга да ги гуши стружани, да нанесе огромна штета врз здравјето на граѓаните, врз животната средина и да ја уништи туристичката сезона во овој регион, а сега после сите штети кои настанаа најавува итно решавање на проблемот, се вели во соопштението на пратеничката група од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму прашуваат какво е тоа итно решавање на вака сериозен проблем после два месеци.
-Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ уште на 15.06.2017 поднесоа Информација за состојбата со дивата депонија во Струга и побараa итна седница на која требаше да се дискутура за овој акутен проблем и конечно да се реши. Вакавата седница не беше закажана, а со тоа не ни се дозволи како претставници на граѓаните да придонесеме за побрзо и итно решавање на проблемот со дивата депонија во Струга. Доколку се одржеше оваа седница, се дебатираше за овој проблем и се донесоа конкретни заклучоци, проблем ќе беше решен многу порано. Пратениците како претставници на граѓаните имаат право и обврска да дискутираат за овој сериозен проблем во Собранието на Република Македонија и да придонесат за негово решавање, се вели во соопштението.
Штетите кои што настанаа поради проблемот со дивата депонија во Струга се оргомни и ненадомесливи. Недозволиво и несериозно е, велат од пратеничката група, Владата на Република Македонија после два месеци да најавува итно решение на вака сериозен проблем.
-Проблемот со дивата депонија во Струга е акутен проблем кој станува се посериозен и поголем и е потребно итно решавање на истиот, се вели во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ ја повика Владата наместо да се занимава со партиски вработувња, да се фокусира на решавање на проблемите на граѓаните.

Владата на Република Македонија уште еднаш покажа и докажа дека решавањето на проблемите на граѓаните не се нејзин приоритет. Несериозно и нео

Пронајдете не на следниве мрежи: