Барбара ја силувале 3 момчиња и ја фрлиле во реката: Родителите на исчезнатата девојка добиле СТРАШНО АНОНИМНО ПИСМО

По девојчето Барбара Витез (15) за која се сомнева дека на 25. ноември паднала од мостот во Сента, се уште се трага. Меѓутоа, родителите Ендре и Мелинда добиле анонимно писмо поради кое исчезнувањето на девојчето би можело да добие сосема нов епилог. Анонимното писмо на унгарски јазик стигнало без плико на адреса на родителите.
– Во писмото стои дека Барбара ја нападнале 3 момчиња и дека ја силувале, а потоа ја фрлиле во реката Тиса. Уште сме во шок од денот на нејзиното исчезнување. Никогаш не верував дека таа сама отишла на мостот и се фрлила во реката – раскажува низ солзи мајката Мелинда.

Татото Ендре уште не може да си дојде при себе од шок.
– Не можеме да веруваме дека постои можност вакво нешто да се случи. Се прашуваме дали ова е само шега, не сфаќам каква е намерата на оној кој го испрати ова писмо. Предадов се на полицијата и се надевам дека Барбара е жива., вознемирно раскажува таткото.
Потсетуваме дека веднаш после исчезнувањето на Барбера, родителите искажале сомнеж дека девојката не отишла сама на мостот.
– Барбара се плашеше од висина, ниту во еден момент не поверував дека се работи за несреќен случај. Барбара на роденден отиде со пријателите, не верувам дека нејзина идеја било да се шета по мостот во доцните часови – вели таткото.
И покрај деталната претрага на едниницата Жандермерија и спасувачкиот тим „Тиса“ од Сента, телото на Барбара уште не е пронајдено.
Девојчето исчезнало на 25-ти ноември околу 22 часот, кога со друштво се шетала во должина на мостот кој ги поврзува Сента и Чока. Вршени се детални претраги на дното и брегот во должина од 100 километри по водата.
 Меѓутоа, родителите Ендре и Мелинда добиле анонимно писмо поради кое исчезнувањето на девојчето би можело да добие сосема нов епилог. Анонимното пи

Пронајдете не на следниве мрежи: