САД по изборот на новиот претседател Доналд Трамп ќе продолжат да го градат патот на добрата соработка со Македонија, вели Марк Барнс, советник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.Во интервју за програмата „Гласот на народот“, овој духовен советник на новоизбраниот американски претседател истакнува дека никој не смее да го смени уставното име и идентитетот на Република Македонија.
– Околу прашањето коешто се однесува за името на вашата земја, коешто сакаат да ви го сменат и да престанете да се викате и именувате како Македонци, што пак е нечуено во светската историја, никој не смее да ви го смени името и идентитетот затоа што вие сте родени како Македонци и ќе продолжете да живеете и да се именувате така, вели Барнс.
Многу е нечесно, додава Барнс, што Грците во САД даваат милиони долари за Демократската партија само за да и се додворуваат и да ве натераат да го смените името.
– Бидете сигурни дека сега со именувањето на Трамп за претседател на САД, нема тоа да се случи, односно нема да се смени името на вашата земја Македонија. Гарантирам дека со изборот на Трамп за претседател на САД, секоја иницијатива предводена од Демократската партија на САД и демократското владеење веднаш ќе биде запрено. Тоа се однесува и за промената на името на државата Република Македонија, потенцира Барнс.
Во однос на претстојните парламентарни избори во Македонија закажани за 11 декември, Барнс со став дека очекува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да го добие повторно мандатот за формирање на нова влада.
– Господинот Трамп е запознаен со работата на господинот Груевски и му ја дава неговата целосна поддршка за сето она што тој го прави за македонскиот народ. Очекуваме да го добие повторно мандатот од народот на престојните избори во декември, бидејќи сметаме дека Никола Груевски ќе продолжи со истата ангажираност што досега ја правеше за подобар економски развој и за безбедноста на државата, оценува Марк Барнс.
Запрашан за странските инвестиции во Македонија, меѓу кои се и двете компании американската „Џонсон Контролс“ и англиската компанија „Џонсон Мети“, како и за 5-то место во светот во извештајот „Дуинг бизнис“, Барнс со став дека Груевски се залага за економски раст на државата и оти се надева дека ќе продолжи да го води македонскиот народ кон подобра иднина.
Во интервјуто Барнс говори и за понатамошните односи со Русија за кои вели дека врвен приоритет на новиизбраниот американски претседател ќе биде да донесе стабилност и единство во светот.
– Трамп сака да донесе мир и стабилност во светот. Наместо хаос, да донесе стабилност и единство и и тоа ќе биде врвен приоритет. Како човечки суштества, без разлика на расата, бојата и политичката припадност, сите заедно треба да се поддржуваме и светот да стане подобар, а тоа е еден од најглавните приоритети на Трамп, истакнува Барнс.
Тој додава дека не е точно оти новоизбраниот американски претседател не е религиозен, а во однос на нападите за корупција, вели дека Трамп е многу богат и оти нема потреба од натамошно богатење.
– Тој ја сака Америка и верува дека во САД треба заедно да ги вратиме вредностите кои се изгубени во минатото, вели Барнс.Во интервју за програмата „Гласот на народот“, овој духовен советник на новоизбраниот американски претседател истакнува дека никој не с