Барса со шест парчиња го почести Хетафе

Фудбалерите на Барселона, во првиот натпревар од неделната програма во 23-то коло, во Примера, забележаа убедлива победа над Хетафе со 6:1.Серијата на погодоци ја отвори Алексис Санчез, уште во шестата минута, а до крајот на првиот дел Лионел Меси со два гола, практично го реши победникот.Во вториот дел, присутните на „Камп Ноу“ видоа уште четири погодоци. Давид Виља, Тељо и Пике беа стрелци за Барселона, а почесниот гол за Хетафе го постигна Алваро.Недела, 10.февруари:Барселона-Хетафе 6:1Сарагоса-Реал СосиедадАтлетик Билбао-ЕспањолРајо Ваљекано-Атлетико МадридНа натпреварите кои се одиграа во сабота се постигнати следните резултати:Мајорка-Осасуна 1:1Селта-Валенсија 0:1Леванте-Малага 1:2Депортиво-Гранада 0:3Реал Мадрид-Севиља 4:1Колото во понеделник ќе биде комплетирано со одигрувањето на натпреварот помеѓу Бетис и Ваљадолид.
МакфаксФудбалерите на Барселона, во првиот натпревар од неделната програма во 23-то коло, во Примера, забележаа убедлива победа над Хетафе со 6:1.

Пронајдете не на следниве мрежи: