Барселона се бори против репутацијата “престолнина на тревата“

Тивко, без никаква врева, Барселона оваа недела затворила една третина од канабис клубовите, за да се ослободи од репутацијата „рај за дувачите“
Во претходните неколку години Барселона стана му вистински ривал  на Амстердам кога се работи за марихуана – туризмот.Откако била спроведена инспекција во14 најпознати клубови, градските власти објавиле „недостатоци“ во педесетина, помеѓу кои се „нелегална продажба на марихуана“, „привлекување на личности кои не се членови“, „слаба вентилација“ и „проблематично соседство“.
Канабис клубовите во Шпанија наводно процветале во претходните години, па ги има повеќе 700 ширум земјата, од кои 300 се во Каталонија.
„Духот на законот“ дозволува одгледување на марихуана и делење помеѓу членовите на непрофитни здруженија специјализирани за канабис.
Во регионот на Каталонија постојат 165.000 членови, а се проценува дека во клубовите секој месец се слеваат околу пет милиони евра.
Министерот за здравство на Каталонија планира да претстави нацрт закон  за регионален парламент во септември кој би требало да ја регулира конзумацијата на канабис.
Затворањето на клубовите оваа недела покренало остра јавна дебата, а политичките партии ги обвиниле општинските власти за ненавремено делување и дека дозволиле Барселона да стане светска престолнина на „туризмот на тревата“.Откако била спроведена инспекција во14 најпознати клубови, градските власти објавиле „недостатоци“ во педесетина, помеѓу кои се „

Пронајдете не на следниве мрежи: