Бартра денеска ќе биде подложен на мал хирушки зафат по повредата во експлозијата

Фудбалерот на Борусија Дортмунд Марк Бартра кој доби исеченици на раката по експлозијата во близина на автобусот со фудбалерите на Борусија Дортмунд, се чувствува добро, но тешко дека денес ќе настапи на дуелот со Монако, објавија германските медиуми повикувајќи се на информација од бундеслигашот.Шпанецот по експлозијата бил однесен во болница каде било констатирано повреда на раката од парчиња стакло, но неговата состојба не е загрижувачка. Тој ќе биде положен на мал хируршки зафат, најверојатно во текот на денешниот ден.
Средбата Борусија Дортмунд – Монако во четвртфиналето од Лигата на шампионите што требаше да се игра синоќа во Дортмунд е одложена за денес во 18:45 часот по експлозијата во близина на автобусот со кој фудбалерите на германскиот тим се превезувале кон стадионот.Шпанецот по експлозијата бил однесен во болница каде било констатирано повреда на раката од парчиња стакло, но неговата состојба не е загрижувачка.

Пронајдете не на следниве мрежи: