БАШАР АЛ АСАД: Во Париз се случи она што во Сирија трае веќе ПЕТ години!

Асад  тогаш го повикал Париз да „ја смени својата политика кон Сирија“ и да „прекине да им пружа засолниште  на терористичките групи“.Председателот на Сирија Башар Ал Асад денес изрази сочувство до  француските власти поради терористичките акти во Париз, укажувајќи дека истото тоа се случува веќе пет години на територија на Сирија.
„Во Франција  вчера се случи она што  се случува во Сирија веќе пет години “, навел Асад на средбата со  француските пратеници во Сирија.

Во седум реони во Париз вчера се случија неколку напади и експлозии во кои според последните податоци  загинале најмалку 128, а ранети се близу 200 луѓе.
Средбата на француските парламентарци со Асад одржан е во рамките на нивната посета на Сирија, во текот на која е планирана и средба со шефот на дипломатијата Валид Муалем и пратениците на сиријскиот парламент.
Асад на 28 октомври во Дамаск ја примил  парламентарната делегација со пратеникот на христијанско- демократската партија Жан Фредерик Пуасон на чело.

Асад тогаш го повикал Париз да „ја смени својата политика кон Сирија“и  да „прекине да им пружа засолниште на терористичките групи“.
„Француските социјални организации, пред се, парламентот, треба да играат важна улога во корекцијата на политиката на владата на својата земја за таа да биде во корист на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток,  што на крај ќе им послужат во интерес на самиот француски народ“, рекол Асад.Председателот на Сирија Башар Ал Асад денес изрази сочувство до  француските власти поради терористичките акти во Париз, укажувајќи дека истот

Пронајдете не на следниве мрежи: