Романскиот претседател Трајан Басеску рече дека „Крим е само епизода“ и дека „Руската Федерација нема да запре тука“.Романскиот претседател Трајан Басеску денеска на крајот од средбата со својот молдавски колега Николае Тимофти во романскиот град Јаши, изјави дека „Крим е само епизода“ и дека „Руската Федерација нема да запре тука“, затоа што идејата за обновување на Советскиот сојуз е „политичка реалност во Москва“, јави Аџерпрес.
– Мојот повик до европските колеги е: ајде никогаш целосно да не им веруваме на обврските и ветувањата на Руската Федерација, и да тргнеме од претпоставката дека Руската Федерација нема да запре тука. Не можеме да го претскажеме моментот, но јас лично јавно го кажував тоа, а кажав и на средбата со претседателот Тимофти: Крим е само една епизода, по грузиската епизода. Идејата за обновување на поранешниот Советски Сојуз е идеја која е политичка реалност според начинот на кој се размислува во Москва, посочи Басеску.
Тој рече дека неговите изјави немаат за цел да ја навредат Русија, потенцирајќи дека ситуацијата во регионот треба да се анализира и „да се покрене прашањето дали сме подготвени за следниот чекор, што го предвидуваме“.
– За жал, сметаме дека ќе има следен чекор. Само не знаеме кога ќе биде направен, потенцира Басеску.
Пренесува: МИАРоманскиот претседател Трајан Басеску денеска на крајот од средбата со својот молдавски колега Николае Тимофти во романскиот град Јаши, изјави дека