„Бастијан е врвен предводник, презема одговорност за репрезентацијата, на теренот и надвор. Може да се пофали со мојата и со довербата на челниците од Сојузот“, изјави Јоаким Лев за германските медиуми.„Тој ги обединува фудбалерите, без оглед на возраста и клубот за кој што настапуваат. Тој е тука кога е најпотребен“, истакна селекторот.
Швајнштајгер дебитираше за Германија во 2004-та година и досега на 108 настапи успеал да постигне и 23 погодоци.
Тој ќе го предводи тимот во квалификациите за Европското фудбалско првенство во Франција, во кои ќе тргнат со дуелот против Шкотска во Дортмунд.
Инаку, вечерва во Дизелдорф ќе го носат истиот дрес од финалето на Мундијалот во „репризата на финалето на Светското првенство” против Аргентина.
Она што е впечатливо е четвртата звезда над грбот, која ја симболизира освоената четврта титула на Мундијалот во Бразил.„Тој ги обединува фудбалерите, без оглед на возраста и клубот за кој што настапуваат. Тој е тука кога е најпотребен“, истакна селекторо