Британскиот јавен сервис BBC искажа јавно извинување поради непримерната песна „Hey Joe“ е емитувана веднаш по веста дека јужноафриканскиот параолимпиец Оскар Писториус ја убил својата девојка Рив Стинкамп.Дигиталната радио станица Radio 6 Music по споменатата вест веднаш ја емитувала познатата песна на Џими Хендрикс „Hey Joe“ која започнува со стиховите „Еј Џо, каде си тргнал со тој пиштол во раката? Одам да ја застрелам своја „стар’. Ја фатив во прегратки со некој друг маж“.Водителката на програмата веднаш во етерот се извинила откако песната веќе била емитувана, а потоа и челниците на BBC упатија јавно извинување.Првиот спортист со ампутација, и тоа на двете нозе, кој настапи и на минатогодишните Олимписки игри во Лондон 2012 за телесно здрави спортисти, во трката на 400 метри пласирајќи се во полуфиналето, како што призна во вторникот пред судот во Преторија, ја усмртил својата девојка моделот Рива Стинкамп истрелувајќи во нејзе четири куршума од пиштол.
МакфаксБританскиот јавен сервис BBC искажа јавно извинување поради непримерната песна „Hey Joe“ е емитувана ведна