Бебе во САД излечено од ХИВ

Бебе од американската сојузна држава Мисисипи родено со вирусот ХИВ е излечена по многу раното лекување со стандардните лекови, објавија во неделата американските научници, што сметаат дека може да претставува пресвртен случај во лекувањето на најмладите пациенти заразени со овој смртоносен вирус.

 Ова е први случај на ткн функционално излекување на новороденче, редок случај кога лицето постигнува ремисија без натамошна терапија и кога анализата на крвта покажува дека вирусот не се умножил.
Потребно се дополнителни тестови за да се утврди дали терапијата постигнува ист ефект икај другите деца, но тој резултат веќе би можел да го промени начинот на лекување на високо ризичните бебиња и потенцијално да доведе до излекување на децата заболени од ХИВ, вирусот кој ја предизвикува СИДА-та
„Ова е доказ дека ХИВ-от кај децата може да се победи”, изјави др. Денора Персуд, виролог од универзитетот Џон Хопкинс од Балтимор.
Приказната на бебето се разликува од познатиот случај на Тимоти Реј Браун ткн берлински пациент, кој во 2007 година е излечен со лекови за леукемија со кои му беше уништен имунолошкиот систем, а потоа трансплантирани клетки од донор со ретка генетска мутација отпорна на вирусот на ХИВ.
За разлика од скапата терапија кај Браун, во случајот на бебето од Мисисипи користен е коктел од лесно достапни лекови со коишто веќе се лекуваат деца заразени од ХИВ.
Макфакс
Бебе од американската сојузна држава Мисисипи родено со вирусот ХИВ е излечена по многу раното лекување со стандарднит

Пронајдете не на следниве мрежи: