Откако се јавила во Итна помош за совет како да го реанимира своето бебе, 25-годишна жена која штотуку преживеала авионска несреќа во зафрлен предел на југозападна Алјаска им помогнала на спасувачите да се снајдат низ маглата и да стигнат до местото на несреќата.Авионот со еден мотор кој превезувал 10 луѓе се срушил во близина на селото Сент Мерис, при што четворица загинале, а шестмина се повредени.Мелани Кофи од Маунтин Вилиџ пешачела повеќе од еден километар до најблиското село за да ги пресретне спасувачите.
“Според мене таа е вистинскиот херој во оваа ситуација”, изјави Фред Ламонт Џуниор од полицијата во Сент Мерис, еден од десетиците полицајци и доброволци кои учествуваа во спасувачката акција.
Авионот “цесна 208” на “Хегланд авиејшн” полетал од Бетел во 17 часот и 40 минути и требало попатно да слета во Маунтин Вилиџ, со крајна дестинација Сент Мерис.
Сент Мерис, како многу села во Алјаска, е зафрлено место и луѓето обично патуваат со мали авиони за да фатат превоз до поголемите градови како Енкориџ. Сент Мерис има околу 500 жители и се наоѓа на 756 километри западно од Енкориџ.
Меган Питерс, портпаролка на Сообраќајната полиција на Алјаска, изјави дека авионот летал низ замрзнат дожд и дека имало магла и влага во воздухот.Авионот воопшто не стигнал до Маунтин Вилиџ. Се срушил во 18 часот и 30 минути на 6,5 километри од Сент Мерис, изјави Клинт Џонсон, шеф на Одборот за безбедност при транспорт на Алјаска.
Пилотот Тери Хенсен (68), патниците Роуз Полти (57), Ричард Полти (65) и петмесечното бебе Вајат Кофи, загинаа во несреќата.Преживеаните претрпеле тешки повреди, а четворица од нив се во критична состојба.
Мелани Кофи се јавила во Итна помош за да ја пријави авионската несреќа и кажала дека $ треба помош да го реанимира бебето.
Екипа на итната помош, двајца сообраќајни полицајци и жители на Маунтин Вилиџ и околните села се приклучиле во спасувачката акција.
Поради густата магла не биле во можност веднаш да го лоцираат местото на несреќата, иако биле во телефонски контакт со повредените.
Кофи, која имала повреда на градите, се обидувала да свирне за да ги извести спасувачите каде се.
Прво помислила да запали оган за да им го привлече вниманието, но потоа решила да почне да пешачи кон селото, водејќи се по светлата.
Попатно ги нашла спасувачите и ги одвела до местото на несреќата.Џонсон соопшти дека уште не е позната причината за несреќата.
ВестАвионот со еден мотор кој превезувал 10 луѓе се срушил во близина на селото Сент Мерис, при што четворица загинале, а