Kога ќе се дозволи шарлатани да се мешаат во стручни работи, тогаш бргу се сфаќа дека ѓаволот ја однел шегата. Така беше и кога се ставаше потпис на речиси несфатливо аматерскиот Закон за специјалното обвинителство за бргу потоа да се види дека нашиве партиски просветители само се потпишале на хартија што под нос им ја ставиле странците. Орав ли беше, Белгиецот со мачките ли беше, Американците ли беа, веќе не е ни битно.На таа хартија стои и потписот на Зоран Заев. Тој е еден од тие што гарантираа дека законот е врв на правната мисла во Македонија, меѓу другото, и затоа што тој е тој што велеше дека со помош на истиот тој закон државата треба да се справи со врвот на неправото во неа. А кога Заев става потпис на нешто, со сета негова заднина од Шекеринска и другите таму, тогаш сомнеж не може да има. Гранитот може само да биде љубоморен и ништо повеќе.
Потоа како лидер на СЈО ја избраа Kатица Јанева, докажан кривично-правен експерт. Гевгелија и Македонија таков не виделе. Таа и сите нејзини таму, вклучувајќи ги и овие што од трана ги плаќа, го имаа законот на маса. И како луѓе што, од една страна, знаат да читаат кирилица и букви од македонската азбука, а од друга, како врвни експерти во своите области виделе дека тој закон им вели дека елоквентната госпоѓа која раководи со СЈО ќе може да поведе обвинение во период не подолг од 18 месеци од денот на преземање на предметите и материјалите во надлежност на СЈО. И процената им била дека тоа е во ред. Па, сега, или имаме дека експертите во СЈО не се баш експерти кога поим немале дека за нивниот капацитет 18 месеци не се доволни за поведување обвинение (а колку време е потребно – 36, 48, 72 месеци?) или е во прашање нешто друго. На пример, дека им треба гужва пред избори, на кои, нели, со гаранција ќе победи СДСМ, па потоа со ДУИ и ДПА ќе може да носи каков сака нов закон. И не само закон, туку и ново и поубаво Пржино. Kако Дубровник на Вучуревиќ од Требиње.
Се разбира, откако обидот да се протнат измените на Законот за СЈО не поминаа, веднаш се јавија и Американците. Па по нив изјава даде и наследникот на Орав, Жбогар. Многу било битно да се поддржи СЈО, односно Kатица Јанева, што е веќе досадно да се слуша приближно како турско-шпанска-аргентинско-бразилска серија во која во и 100. приказна горе-долу и една те иста и се сведува на тоа дека две сестри се збуниле со кој од близнаците се свршени, па едната забременила од свршеникот на сестра си и обратно, ама после во болница дополнително им ги смениле и бебињата, па секоја од нив го доела бебето на нејзиниот свршеник, ама не и тоа што таа го родила. Е, и кај Американците и кај ЕУ с` се сведува на истото – вие кога им го дадовте на партиите законот на потпис, не видовте дека рокот е тој што е и дека кога тој рок ќе го споите со обвинителот што сте го одбрале, добивате две некомпатибилни нешта?
Тоа што, пак, за Македонија е битно е дека и Американците и ЕУ треба да си видат таму кој од нивните го пишувал неписмениот закон за СЈО и им го дал на нашиве на параф. Оти нема гаранција дека ќе престанат да ни пишуваат закони и во иднина и да ни избираат извршители на тие закони, што значи вакви комедии може да имаме и понатаму.
Настрана што во целата оваа приказна се заборава на една работа – како тоа 18 месеци биле малку за истрага? Па колку некој граѓанин на оваа држава треба да биде под сомнеж и да живее во исчекување дали ќе му биде поднесено обвинение и не? Истраги што траат подолго од 18 месеци сигурно има и во редовното обвинителство, она што постои и работи врз основа на Уставот на РМ и она што не чини, нели, но наместо да се бара нашата елитна СЈО-единица, нашите Чарлиеви ангели, нашите кралици и амазонки, да воспостават нови кривично-правни стандарди во Македонија, ние одиме по обратен пат, што не е фер кон амазонките. Им ја девалвира ем самостојноста ем стручноста.На таа хартија стои и потписот на Зоран Заев. Тој е еден од тие што гарантираа дека законот е врв на правната мисла во Македонија, меѓу другото, и