Навивачката група од Загреб, популарните „Бед Блу Бојс“, како што пренесува „Индекс“, одбиле влезници за натпреварот со Србија во рамките од квалификацискиот циклус за СП 2014, причината, како што велат од навивачката група е тоа дека „не сакале привилегии од криминалци…“.
„Понудата веднаш истиот ден ја одбивме и го известивме претседателот на клубот дека БББ нема на никој начин да преговара и контактира со ХНС ниту со било кој друг од сојузот, туку влезниците ќе ги купиме ИСКЛУЧИВО во редовна продажба (иако заедно со останатите навивачки групи соработувавме околу преговорите за поделба на влезниците за минатото Европско Првенство во Полска и Украина, што беше наша голема грешка, без разлика на околностите)“, се вели во соопштението до јавноста кое го упатија од навивачката група на БББ.
Инаку, познато е дека навивачката група „БББ“, кои го бодрат Динамо од Загреб, веќе подолго време се во лоши односи со претседателот на клубот, Здравко Мамиќ. Влезниците за натпреварот со Србија им ги обезбедил претседателот на ХНС (хрватски фудбалски сојуз), Дамир Врбановиќ, некогашен соработник на Здравко Мамиќ во Максимир.
Извор/Фото: www.index.hrНавивачката група од Загреб, популарните „Бед Блу Бојс“, како што пренесува „Индекс“, одбиле в