Бегајќи од одговори, новиот технички министер за внатрешни работи Оливер Спасовски се заплетка самиот на пратеничките прашања кои денеска се поставуваат во Собранието. Спасовски сега вели дека не биле 30.000 фалсификувани лични карти, туку дека биле 90.Спасовски денеска не одговори конкретно и прецизно на двете прашања од пратеникот Александар Николоски од кои првото се однесуваше за тоа до кога ќе ја заврши истрагата за аферата со наводни фалсификувани лични карти, додека второто се однесуваше на тоа кога Спасовски ќе го испочитува статутот на партијата и ќе си поднесе оставка на една од двете функции кои според статутот на СДСМ се неспоиви.
-Во изминатиов период на 20-ти ноември, неделникот „Фокус“ објави насловна страна за наводни 30.000 лажни лични карти кои наводно се употребени за победа на избори. За истите, според она што го напиша неделнкот, новинарот поднел пријава до МВР и исто така самиот тврди дека кога разговарал со инспекторите самите утврдиле дека се работи за фалсификат. Во самиот текст ќе го цитирам вели, “новиот министер Спасовски ќе има задача да отвори истрага околу фалсификуваните лични карти, МВР и истражните органи ќе треба да проверат дали имало злоупотреба на системот за издавање на лични документи и кој учествувал“, рече пратеникот Николоски.
Тој нагласи дека имајќи предвид дека се работи за голема потенцијална афера, ова афера може да има два мотиви, едниот е да се работи за вистина и тогаш јавноста ја очекува или второ, да се работи за политичка манипулација и пропаганда затоа што долг временски период една од основните тези која СДСМ ја претставува е дека во Република Македонија изборите не се фер и демократски и дека ВМРО-ДПМНЕ не победува на фер и демократски избори.
-Моето конкретно прашање е до кога очекувате да заврши истрагата и до кога јавноста треба да ги очекува резултатите. Ве молам за прецизен и директен одговор. До кога очекувате како министер за внатрешни работи да моижете да ја известите јавноста и ОЈО доколку има основ за што тука се работи и да поднесете пријава ако има основ, рече Николоски.
Новиот техички министер за внатрешни работи не даде конкретен одговото. Спасовски рече дека отворена е истрага која ја води јавниот обвинител. Нагласи дека било пријавено дека постои индиција за фалсиификување на лични карти.
– Се работи на истрагата, таа е во тек. Се вршат проверки во ДИК и во ДЗС за да видиме дали биле воопшто употребени. Очекувам енергично да се води истрагата, рече Спасовски без конкретно да одговори на прашањето на Николоски за тоа до кога очекува истрагата да биде завршена.
Пратеникот Николоски изјави дека за неговото клучно прашање неме директен и конкретен договор, а тоа е кога Спасовски очекува дека ќе може да излезе во јавноста со конретни информации.
-Македонската јавност за жал не доби договор кога може да с очекува ова да биде завршено и затворено, а во иднина се надевам дека она што го кажа министерот ќе се реализира, а тоа е дека МВР ќе ја заврши работата. Очекувам во најбрз временски рок затоа што секое одлагање може да остави длабоки последици, рече Николоски.
Николоски рече дека во целиот изминат период пред да се случат промените една од основните работи кои ги кажуваше СДСМ беше дека има мешање на државата и партијата и дека ВМРО-ДПМНЕ ги партизира институциите.
-Она што ја интересира јавноста е членот 36 од статутот на СДСМ, кој што го регулира генералниот секретар на партијата, ставот два од истиот член кој што вели дека функцијата генерален секретар во СДСМ е неспоива со фунција во извршната власт. Моето прашање е кога ќе поднете оставка она една од двете фунции кои што во моментов ги извршувате, а кое според она што сте го напишале во Вашиот статут се неспоиви Мислам дека е фер и коректно да кажете на јавноста кога ќе го испочитувате она што самите сте го напишале и она што самите го барате, рече Николоски.
По ваквото прашање на Николски, настана нарушување на мирот во собраниската сала, откако опозициските пратеници почнаа хистерично да викаат. И на ова прашање, Спасовски остана без конкретен одговор. Тој рече дека ќе му одговорел на Николски, кога пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ ќе бил член на ЦО на СДСМ.
– За жал и на второто прашање не добив конкретен одговор. Со тоа што не ми одговоривте и на ова прашање, само го потврдувате и го засилувате впечатокот што постоеше за СДСМ во 2006 година, а еве не се менува и во 2015 година, дека двојните стандарди секогаш постојат, заклучи Николоски. Спасовски денеска не одговори конкретно и прецизно на двете прашања од пратеникот Александар Николоски од кои првото се однесуваше за тоа до кога ќ