Слушнав пукање и се стрчав по скалите. Ја отворив вратата и занемев. Пред влезот се наоѓаа во крв свекорот и свекрвата. Страшно…Така Кристина Дабровиќ (24) ја почнува приказната. Сведок била на двоструко убиство кое пред два дена се случило во Норвешка. Убиени и се свекорот и свекрвата. Ладнокрвно со пушка прво ја убиле Марија.
-Врескав и притрчав до свекртвата. Ја помилував по коса а таа не даваше знаци на живот. Свекорот Антун (65) беше уште жив. А чичкото Јаков (61) му пријде и пукна уште еднаш во него. Ужас, страшно- низ солзи раскажува Кристина. Додава дека ни сама не знае како собрала сила да стана и да побегне на катот. Врескала и успеала да ја заклучи вратата.
-Ја гушнав ќерка ми. Само размислуваав како да ја сокријам. Во орманот, во кујнските елементи… За себе не се грижев, ми беше важно да го сокријам детето- изјавила. Веднаш го фатила телефонот и повикала полиција.
-Им дадов име и презиме и им кажав дека ми треба помош- вели и додава дека била во паника.
-Некако собрав храброст и отидов до прозорот кој гледа во дворот. Видов како другиот чичко Иван му приоѓа на брат му и му ја зема пушката. Малку ми олесна- заклучува.
За време на убиството третиот брат Иван ручал. А пред тоа Јаков му кажал дека се скарал со другиот брат Антун.
-Им кажав да викнат мајстори и тоа сами да го решат- рекол Иван. А токму тој му ја земал пушката на растроениот Јаков.
Семејството раскажува дека Јаков бил склон кон алкохол, па пиел по цели денови. Убиената Марија имала карцином на дојката. Ја оперирале пред 4 години. А утрото пред убиството се пофалила дека многу добро се чувствува после толку години.
Јаков е во притвор, а семејството е очајно и никој не може да верува дека така ладнокрвно ги убил поради имот.
Се било во ред освен една нива
Тројцата браќа живееле на еден имот. Покојната мајка им ја остваила земјата и се било во ред освен една нива. Се карале околу неа. Потоа наводно Антун го удрил Јаков со чекич по глава и овој ја загубил контролата.
-Мојот татко ни на мравка не гази нема шанса да го удрил- вели Звонимир (34) син на убиениот.
-Можел да ми ги убие жената и детето. Па тоа е страшно- додава. Така Кристина Дабровиќ (24) ја почнува приказната. Сведок била на двоструко убиство кое пред два дена се случило во Норвешка. Убие



