Бејли: Апсурдно е дека САД ја дестабилизираат Македонија

Амбасадорот на САД, Џес Бејли, денеска реагираше на обвинувањата во медиумите за американско мешање во внатрешните работи и за обиди за дестабилизација на Македонија.- Ние во Американската амбасада во Скопје често гледаме приказни во медиумите за некои теории на заговор и обвинувања за американско мешање во македонските домашни работи или за акции за дестабилизација на земјата. Веруваме дека повеќето граѓани на Македонија, како и ние ја препознаваат апсурдноста на овие приказни. Како и да е после неколку скорешени тврдења за наши вработени и програми, дозволете ми да ги појаснам овие работи особено околу нашата поддршка за владеењето на правото. Ние сме многу отворени за нашата програма и за нашата вклученост, наведува Бејли на Фејсбук страницата на американската амбасада во Скопје.
Во последните 15 години, посочува тој, американската Влада придонесе со повеќе од 55 милиони долари за развивање на капацитетите на македонските судови, судии, обвинители, адвокати на одбраната и полицијата за тие да можат да ги завршат мандатите професионално, транспарентно, ефикасно и со кредибилност. Според него, повеќе од 600 судии, 300 јавни обвинители, 150 адвокати на одбраната и преку 2.000 припадници на силите за безбедности имаале корист со овие напори.
– Актуелната политичка криза во Македонија покрена обвинувања за злоупотреба на службената положба и можно криминално однесување, комбинирано со обвинувања за мешање на извршната во судската власт и во работата на обвинителството. Како одговор, лидерите на најголемите четири политички партии во Македонија се согласија и Парламентот јавно гласаше да се креира нова независна институција Специјално јавно обвинителство (СЈО).
Успешноста на работата на СЈО во спроведување непречена, непартиска и професионална истрага со целосна поддршка од сите институции е вистински тест за владеењето на правото во оваа земја, смета Бејли. Со оглед на клучната улога во воспоставување на правна одговорност, како што наведува тој, САД го поддржуваат СЈО со обука и помош исто како што претходно му помагале на македонскиот правен систем, на Јавното обвинителство и полицијата од независноста на Македонија до денес.
– Овој ангажман ја рефлектира нашата длабока посветеност на владеењето на правото за да им помогнеме на луѓето во Македонија да ја решат оваа актуелна криза, да се развијат силни демократски институциии движејќи се кон членството во ЕУ и НАТО. Оваа посветеност останува цврста, пишува Бејли.- Ние во Американската амбасада во Скопје често гледаме приказни во медиумите за некои теории на заговор и обвинувања за американско мешање во маке

Пронајдете не на следниве мрежи: