Бејли: Одговорноста на партиите е да продолжат да го спроведуваат Пржинскиот договор

Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли смета дека е добро политичките партии и сите институции да работат на отстранување на пречките за нормално работење на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Собранието да работи нормално и да продолжи спроведувањето на Пржинскиот договор.– Ги поттикнуваме сите политички партии и институции да работат на отстранување на сите пречки за СЈО. Тоа е многу важно за воспоставување одговорност за прислушувањето и разговорите кои произлегоа од него, изјави амбасадорот Бејли при неговата денешна посета на мегалитската опсерваторија Кокино каде што најави инфраструктурни реновирања на локалитетот, финансирани од УСАИД и Владата на Швајцарија преку проектот за експанзија на мали бизниси и локалната акциска група Абер 2015.
Во исто време, додаде Бејли, многу е важно и нормалното работење во Парламентот.
– Како што кажа Европската унија вчера, одговорноста на партиите е да продолжат да го спроведуваат Пржинскиот договор и да ја движат Македонија кон членство во ЕУ и НАТО, потенцира американскиот амбасадор Џес Бејли.– Ги поттикнуваме сите политички партии и институции да работат на отстранување на сите пречки за СЈО. Тоа е многу важно за воспоставување од

Пронајдете не на следниве мрежи: