Водечкиот американски републикански конгресмен Кристофер Смит најави истрага за политизирањето на улогата на американската амбасада во Македонија и го повика новоименуваниот државен секретар Рекс Тилерсон да го разреши амбасадорот Џес Бејли.На чело на група од шест републикански конгресмени, Смит уште во средината на јануари побарал обаснување од амбасадорот Бејли за обвинувањата дека амбасадата во Скопје работи во полза на политички партии и финансира проекти на фондацијата на Џорџ Сорос во Македонија. Откако Бејли не одговорил на писмото на конгресмените, Смит, кој е член на конгресната Комисија за надворешни работи и претседава со Хелсиншкиот Комитет за соработка со ОБСЕ, изјави дека е неопходна темелна истрага на активностите на американскаа Амбасада во Македонија и разрешување на амбасадорот.
– Американскиот амбасадор не смее да има улога во формирањето влада и да зазема страна при формирањето на коалиција. Тоа не е место на САД ниту на американските претставници во Скопје. Ние, какo група конгресмени, поставивме конкретни прашања во ова писмо дали имало или не соработка на амбасадата со левичарските партии на изборите. Ние не смееме да имаме улога во тоа. Треба да сме за слободни и фер избори и пристап кон медиумите, но во никој случај не смееме да заземаме страни. Овој амбасадор зазел страни и треба да биде отпуштен веднаш. Јас сум во Конгресот 37 години и сум постар член на Комисијата за надворешни работи, претседавам со Комисијата за соработка со ОБСЕ и со Комисијата за човекови права. Нечуено е нашиот амбасадор во Скопје да зазема страна во овие избори или во кои било други избори во минатото или во иднина. Тоа не е негова работа. Сакаме да откриеме се. Не добивме одговори и затоа бараме од генералниот инспектор да поднесе извештај. Доколку го прекршиле законот, ќе одговараат, изјави конгресменот Смит за Македонската Радио Телевизија.
Смит особено реагира на информациите дека американската амбасада е сериозен финансиер на активностите на невладините организации поврзани со фондацијата на Сорос и вели дека доколку САД издвојуваат финансии за вакви активности, тоа мора да биде на неутрален начин и без заземање политички страни.
– Во случајов, изгледа дека американската влада финансирала организации коишто заземале страни, конкретно, биле на страната на социјалистите, што апсолутно не е прифатливо. Верувам дека тоа е нелегално и ќе го разоткриеме овој случај до крај. Утре ќе побарам извештај на генерален инспектор кој што ќе треба да изврши истрага. Јас прашав многу конкретни прашања до амбасадорот Бејли и, повторувам, не добив одговор. Ние не треба да заземаме страни, треба да промовираме демократија, а не да промовираме коалиција на политички партии, вели Смит.
Писмото кое конгресмените го упатиле до амбасадорот Бејли на 17 јануари, покрај од Смит, е потпишано од познатиот конгресмен од Тексас Луи Гомерт, Роберт Адерхолт, кој е долготраен поддржувач на Македонија во Конгресот, Ренди Халтгрин, Роберт Питенгер и Џед Фортенбери. Сите потписници се републиканци блиски до администрацијата на претседателот Доналд Трамп и во писмото се поставува серија прашања за активностите на амбасадата во Скопје, за нејзината поддршка кон партијата СДСМ и за финансирањето на активностите на Сорос. Писмото на конгресмените доаѓа откако сенаторот Мајк Ли, исто така од владејачката Републиканска Партија, јавно го прозва амбасадорот Бејли преку социјалните мрежи, повикувајќи го да даде објаснување за финансирањето на проекти на фондацијата на Џорџ Сорос во Македонија.
– Високо ја цениме тесната соработка меѓу САД и Македонија во изминатите 25 години од нејзината независност. Оваа соработка овозможи САД да придонесат кон македонскиот политички и економски развој, додека Македонија соработуваше со САД и придонесуваше кон нашите надворешно-политички приоритети. Сметаме дека би било навистина деструктивно за нашите меѓусебни односи доколку во Македонија се развие чувството дека САД се мешаат во нејзинитe внатрешни политички прашања, во медиумите и граѓанското општество, на начин на кој една политичка опција се помага наспроти другата. Се надеваме дека ќе добиеме точни информации од вас најдоцна две недели по испраќањето на ова писмо. Исто така се надеваме дека ќе бидете на располагање да се сретнете со нас при вашата следна посета на Вашингтон, пишува во писмото на конгресмените упатено до амбасадорот Бејли.
Откако конгресмените не добиле одговор, тие најавија поведување истрага и повикуваат на разрешување на амбасадорот Бејли. – Нашата порака е дека, ако американската Влада зазела една политичка страна, таа направила голема грешка и тие кои што го направиле тоа треба да се извинат и да престанат веднаш. Затоа што на крајот на краиштата дипломатите кои што тоа го прават ова ќе треба да одговараат. Сите треба да бидеме за слободни и фер избори, но не за заземање страни. Јас ќе бидам во контакт со државниот секретар Тилерсон, а веќе бев во контакт со луѓе од тимот за транзиција од администрацијата на Трамп. Мора да има темелен увид што тоа американската Влада правела во последниве осум години, бидејќи имаме заземање политички страни и на други места во светот каде имало вакви слични инциденти. Тоа ја нарушува американската јавна дипломатија и дипломатијата во целина. Тоа е спротивно и на законот и нечуено е овие прашања да не бидат одговорени соодветно, правилно и задоволувачки. Повторувам, тој (Бејли) треба да биде отпуштен, вели Смит во изјавата за МРТВ.
Во писмото упатено до амбасадорот Бејли се вели дека до Конгресот пристигнале сериозни предупредувања за партизирање на работата на американската амбасада во Скопје. – Во контекст на нашите овластувања за вршење надзор, ви пишуваме да се информираме за улогата која американската амбасада во Македонија ја игра во македонската политика и во обликувањето на македонската медиумска средина и граѓанското општество. Се надеваме дека вашата улога не е несоодветно испартизирана. За жал, слушнавме сериозни предупредувања дека во изминатите две години, американската Мисија во САД активно се мешаше во партиските политички случувања во Македонија, како и во медиумите и граѓанскиот сектор, во насока упорно да се поддржуваат партии, медиуми и граѓански организации кои се лево од центарот, на сметка на тие што се десно од центарот. Ова вклучува загрижувачки информации дека активностите на американската амбасада оделе силно во поддршка на левичарските партии во периодот пред изборите кои требаше да се одржат на 24 април, потоа на 5 јули, за конечно да се одржат на 11 декември, како и во периодот по овие избори, во кој македонските партии преговараат за формирање на нова влада, пишува во писмото упатено од конгресмените до американската Амбасада во Скопје на 17 јануари.
Во директните прашања упатени до амбасадорот Бејли, конгресмените го прашуваат за мешањето на амбасадата на политичките случувања во Македонија. – Ве молиме, објаснете ја улогата која вие и други личности поврзани со американската Амбасада во Македонија ја одигра во преговорите кои водеа до закажувањето на парламентарните избори на 24 април 2016 година, потоа преговорите кои доведоа до нивно одложување за 5 јуни и одложувањето за 11 декември. Особено е важно да знаеме дали и како позициите кои ги застапувала амерканската Амбасада во Македонија се поклопувале или не се поклопувале со позициите на одредени македонски политички партии, пишува во писмото.
Конгресмените го прашуваат амбасадорот Бејли дали е вистина дека американската амбасада ја одбрала Фондацијата Отворено Општество Македонија, подобро позната како Фондацијата на Џорџ Сорос, да спроведува крупни проекти финансирани од страна на американската организација за развој УСАИД. – Дали ФООМ се смета за политички пристрасна организација во македонското општество? Дали е точно дека активностите на ФООМ се партизирани? Дали НВО организациите, медиумите и проектите кои ги финансира ФООМ имаат агенда која одговара на левицата во Македонија?, прашуваат конгресмените во писмото упатено до амбасадорот Бејли, кое било испратено на 17 јануари.
Во врска со американската поддршка за медиумите во Македонија, се поставува прашањето дали американски државни пари и се давале на Фондацијата на Сорос за преку неа да се финансираат лево ориентирани медиуми. Конгресмените бараат од Бејли да ги информира колку од медиумите што ги финансирала амбасадата или мисијата на УСАИД се лево, а колку се десно ориентирани, а прашуваат и дали американската амбасада влијаела да се усвојат закони со кои се ограничила слободата на изразување на медиумите и новинарите, што се случи во предизборниот период. – Дали е вистина дека американската Амбасада во Македонија промовираше медиумски регулативи со кои слободата на говорот се ограничи на начин кој не е во согласност со Првиот Амандман на американскот Устав?, прашуваат конгресмените.
Дополнително, што се однесува до финансирањето на невладините организации, конгресмените прашуваат: „Колку од невладините организации кои добиваат американски средства, вклучително и преку ФООМ, се определиле политички при изборите или при формирањето на следната македонска Влада? И чија страна ја одбрале овие организации?”.На чело на група од шест републикански конгресмени, Смит уште во средината на јануари побарал обаснување од амбасадорот Бејли за обвинувањата дека