БЕЈЛИ СЕ ИСПЛАШИ ОД ГНЕВОТ НА НАРОДОТ: Амбасадата еднаш гореше, Бејли исплашен дека може да се случи и втор пат!

Во својот говор пред ДИК директорот на Државниот архив д-р Филип Петровски му порача на еден од амбасадорите во Македонија дека не ни треба нов Таксим и Киев да се тргне и да не не провоцира, денес соросовите портали наводно од дипломатски извори „дознаваат“ дека тоа е причината за денешната средба на амбасадорот Бејли со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, пишува Инфомакс.Од ВМРО-ДПМНЕ пак предупредуваат дека трпението на народот е при крај и информираат дека нема да бидат во можност да го контролираат бесот кој би можел да се излее на улиците.
Ова особено ги вознемири амбасадорите кои се најдоа најповикани, токму од граѓаните дека поради нивното вмешување во внатрешната политика на Македонија денес државата е на работ на граѓанска војна.
Неретки се и повиците за масовни протести пред амбасадата на САД, а дел од граѓаните повикуваат и на насилни демонстрации.
Со вакво сценарио амбасадата на САД веќе еднаш се има соочено во Македонија во текот на 1999-та година, за време на НАТО бомбардирањето на Југославија, кога насила беше изгласана одлука за непречено користење на територијата на Македонија како база од која тргнуваа нападите кон С.Р. Југославија.
Тогаш Амбасадата беше запалена од страна на гневната група граѓани.
Овој пат, доколку се случи истурање на гневот врз дипломатските претставништва, тоа ќе биде поради одбрана на суверенитетот на Македонија, а ако знаеме дека реакцијата за соседна држава била палење на амбасада, тогаш невкусно е да се претпостави што би можело да се случи доколку граѓаните тргнат да бараат сметка за штетата направена врз сосптвената држава.
Планот за Македонија беше едноставен, но софистицирано спроведен. Крајниот резултат кој го очекува групата која го поддржува Бејли е промена на името на Македонија, федерализација и насилно членство во НАТО со цел прекројување на територијата, а со тоа и блокирање на Руските и Кинески интереси за Балканот.
Потсетуваме, кризата во Македонија започна три дена по потпишувањето на договорот на Македонската влада за проектот Турски тек.

Пронајдете не на следниве мрежи: