Амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли во интервју вчера изјави дека им одговорил по писмен пат на американските конгресмени кои од него побараа извештај за финансиското работење на амбасадата под сомнение дека преку фондовите со кои располага им помага директно на конкретни политички организации. Спротивно на ова, пак, конгресмените негираат дека ја добиле бараната информација од Бејли. Тие велат дека ваквото поведение на амбасадорот е загрижувачко и дека ќе се приморани да отворат истрага.
„До сега немаме добиено одговор од Американската амбасада во Македонија, а тоа е загрижувачко прашање па ќе бидеме приморани да превземеме одредени мерки по однос на финансирањето, доколку сме сигурни дека тоа финансирање во суштина не и помага на Македонија туку и одмага“, вели во изјава за МРТ Републиканскиот конгресмен од Аризона, Трент Франкс.
„Напорите кои ги правиме за да ги промовираме човековите слобода и права и тоа се нешта во кои ние навистина веруваме. За критиките кои што доаѓаат од вашата земја сме многу благодарни и ние сакаме да ги продолжиме добрите односи со Македонија. Прашањата со кои се соочуваме се сомнителните финансирања на американската мисија, а се поврзани со организации на Џорџ Сорос, се спротивни од нормите и се во што верува Америка. Се обидовме да добиеме поддршка од американскиот Стејт Департмент-Агенцијата за развој, за да дојдеме одговор на прашањето зошто се спроведува ова финансирање кои се спротивни од тоа што се најдобри интереси за Македонија и ја погазува америкаската политика во светот. САД секогаш застанува на страната на слободата и добрата волја и кога ќе видиме дека пари кои биле наменети за да се помогне на Македонија наместо да ги промовораат овие вредности одат на сметка на организации кои ја поддржуваат идејата на Џорџ Сорос и како тој го гледа светот, а неговите вредности не се слобода, газат врз човековите права“, вели Франкс.
Конгресменот нагласува дека администрацијата на Обама била многу опуштена по однос на прашањето за финансирање, особено финансирање на левичарските движења, граѓански организации кои, како што вели, навистина воопшто не се борат за слобода.
Франкс е конресмен веќе 14 години и во својата изборна единица победува со 60 до 76 отсто од гласовите. Спротивно на ова, пак, конгресмените негираат дека ја добиле бараната информација од Бејли. Тие велат дека ваквото поведение на амбасадорот е загри