Бела Ноќ на Град Скопје во пресрет на Денот на независноста

Денеска на конференција за медиумите во Музејот на македонската борба, Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска  ги изнесоа деталите за одбележување  25 години независност на Република Македонија.- Годинава се навршуваат 25 години од независноста на нашата држава и  Градот Скопје ќе учествува во одбележувањето на овој еден од најзначајните датуми од историјата на Република Македонија, преку  вклучуваање на своите културни институции. Тие  на 7 септември, кога ќе се одржи и манифестацијата  Бела ноќ,  ќе ги извршуваат своите тековни програмски активности во текот на денот и ноќта, а ќе работат и угостителските објекти со продолжено работно време. Оваа година ваква манифестација ќе се организира и во сите градови на  Македонија, со што  и, на некој начин, тоа ќе биде БЕЛА НОЌ во Република Македонија, истакна Трајановски.
Министерката за култура, Елизабета Канчевска Милевска, најави дека централни настани со кои годинава ќе бидат одбележани  25 години независност на Република Македонија се Свечената академија и концертот со револуционерни песни што ќе се одржат во Македонскиот народен театар во среда вечерта, во пресрет на државниот празник 8 Септември.
На свечената  академија на 7 септември од 20:30 часот во МНТ ќе се обрати претседателот Ѓорге Иванов, а по академијата ќе се одржи концерт и промоција на на второто аудио издание „Непокор“, во продукција на  Македонската радиотелевизија.
Најпопуларните македонски револуционерни песни во придружба на оркестар ќе бидат изведени од познати пејачи на народна и забавна музика, како Наум Петрески, Миле Кузмановски, Димитар Андоновски, Наташа Малинкова, Ѓоко Таневски, Виктор Апостоловски, Ленче и Горан Кукиќ, Сузана Турунџиева, Катерина Танева, Наде Талевска и Ристо Самарџиев. Концертот ќе го  пренесува МРТ.
 
ЈУ  МЛАДИНСКИ КУЛТУРЕН  ЦЕНТАР, во рамките на БЕЛА НОЌ  ќе се одржи Промоција на новиот мурал на фасадата на МКЦ на ликовната група ЗЕРО со музички настап на „The Membranes“ од Англија.
ЈУ КУЛТУРНО ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР  ќе постави ликовната изложба UNIVERSE AS INTEGRITY ALLUSION од ликовнте уметници ШКИПЕ МЕХМЕТИ,
ДИТА СТАРОВА КЕРИМИ И ЗАРИЈЕ АМДИУ, како и ликовни дела од Колекцијата на ЈУ Културно информативен центар.
 Во ЈУ ДОМ НА КУЛТУРАТА „КОЧО-РАЦИН“ ќе има изложба од колекцијата на ЈУ Дом на културата „Кочо-Рацин“, како и настап на вокално-инструменталниот ансамбл „Мелизма“ во Големиот салон.
 Во ЈУ ДЕТСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР „КАРПОШ“ ќе се одржи изложба по повод  празникот 8 Септември и настап на балетската секција при центарот на  платото кај споменикот на Гоце Делчев во Градски парк .
 Во ЈУ МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ  ќе се одржат три изложби, односно изложба  по повод 106 години од раѓањето на мајка Тереза и нејзиното прогласување за светица, изложба на слики на авторката Викторија Поповска, како и Постајани музејски поставки:Постојана археолошка  изложбена поставки во  Археолошката сала и изложбата посветена на Скопскиот земјотрес.
ЈУ КОНГРЕСЕН ЦЕНТАР „АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ“ ќе организира настапи на музичари, групи и уметници на пет плоштади во центарот на Скопје почнувајќи од 19 часот. 
ЈУ ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ по повод Денот на независноста  во сите свои 14 клонови ќе им овозможи бесплатни зачленувања на сите првачиња на територијата на Скопје.
 Како  институциите на Градот, така и националните и локалните установи од културата во Скопје ќе понудат различни содржини во Белата ноќ. Во МНТ пред и по свечената академија и концертот ќе бидат изведени претставите „Парите се отепувачка“ (од 18 часот) и комедијата „Свадбата на Фигаро“ (од 23 часот), а музејот во МНТ ќе биде отворен 24 часа за  сите посетители.- Годинава се навршуваат 25 години од независноста на нашата држава и  Градот Скопје ќе учествува во одбележувањето на овој еден од најзначајн

Пронајдете не на следниве мрежи: