Белград:Секој трет тестиран не е татко на своето дете!

Секој трети тестиран во ДНК лабораторијата на Институтот за судска медицина во Белград, излегува дека не е татко на своето дете.  Во најголемиот број на случаи, оние кои се сомневале во своите партнери не биле во право, но оние кои преку друг начин дознале дека сопствените деца кои ги чувале со години и биле сигурни дека се свои, воопшто не биле нивни. А таков е секој трет тестиран во ДНК лабораторијата на институтот за судска медицина.
Имаме ситуација кога доаѓаат жени со своите сопрузи кои бараат да се потврди татковството, па така прво донесуваат еден, па друг, па трет партнер. Во нашиот институт имавме случај, кога една жена доведе четири мажи за потврдување на татковство, раскажува докторот Оливер Стојковиќ, раководител на ДНК лабораторијата на институтот за судска медицина, каде годишно се прават 250 тестови на татковство.
Тој кажува дека доаѓаат и девојки и жени кои не се сигурни чие е нивното дете, па се тестираат. Има најразлични случаи кои поминале и се доаѓаат моментално. Процедурата на земање мостри трае десет минути, а резултатот може да биде готов за 24 часа. Статистиките на ДНК лабораторијата покажуваат дека 15 отсто од случаите излегуваат дека не се татковци на своите деца.  Во најголемиот број на случаи, оние кои се сомневале во своите партнери не биле во право, но оние кои преку друг

Пронајдете не на следниве мрежи: