Бели дамки на чизмите? Без паника! Една намирница од кујната го решава проблемот

Дали сте забележале дека по секоја прошетка надвор од дома се враќате со бели дамки на чизмите?Виновникот е индустриската сол која се растура по улиците да го стопи ледот. Иако ни го олесува движењето во овие студени денови, солта ги уништува обувките. За среќа, постои едноставен и ефтин трик за одржување на обуквите со кој можете да го избегнете ова.
Дамките од индустриската сол не се само естетски проблем. Солта ја нагризува кожата поради што таа со тек на време ќе избледи а белите дамки можат трајно да се задржат на обувките особено доколку носите црни или кафеави чизми.
Сепак, доколку во кујната имате алкохолен оцет,не мора да се грижите. Оваа намирница најдобро ја отстранува солта од чевлите и чизмите и е поделотворна од кремите и спрејовите за одржување на обувките.
Оцетот ќе ја раствори солта и потполно ќе ја отстрани, што не е случај со другите средства за одржување на обувките. Сепак, за оцетот да не предизвика оштетување не го нанесувајте директно на обувките.
Што треба да направите?
Прво оцетот измешајте го во ладна вода,потоа со памучна крпа полека исчистете ги дамките на чевлите. Оцетот ќе ја разгради солта и ќе ги отстрани дамките а вашите обувки нема да се оштетат.Виновникот е индустриската сол која се растура по улиците да го стопи ледот. Иако ни го олесува движењето во овие студени денови, солта ги уништува

Пронајдете не на следниве мрежи: