Освен во евентуалната разлика во цената, дали некогаш сте се запрашале која е разликата помеѓу белите и жолтите јајца?Многумина од нас не обрнуваат внимание на ова – едноставно, ја земаме онаа табла со јајца на која прва ќе налетаме или ги купуваме оние јајца кои секогаш ги одбираме при пазарењето. Доколку Ве интересираат разликите и зошто жолчките толку се разликуваат, продолжете да читате.Сè е до кокошкатаЕдноставно е – кокошките со бели перја несат бели јајца, додека оние со шарени перја снесуваат жолти, тврди нутриционистката Александра Каспер. Разлика во ценатаНека не ве залажува цената – квалитетот на јајцата е ист. Причината зошто жолтите јајца се поскапи во некои земји, е поради фактот што пилињата се покрупни и јадат повеќе, а со тоа се и поскапи за чување.
Има ли разлика во лушпите?Освен во бојата – не. Многумина веруваат дека лушпата на жолтите јајца е поцврста, но тоа не е точно. Цврстината на лушпата зависи од староста на кокошката: колку е помлада кокошката, толку е потврдо и самото јајце.Постои ли разлика во жолчките?Бојата и квалитетот на жолчките не се поврзани со бојата на јајцето. Тие имаат директна врска со квалитетот на храната со која живината се прехранува. Колку поквалитетна храна – толку поквалитетна жолчка. Бојата на лушпите не игра никаква улога.Многумина од нас не обрнуваат внимание на ова – едноставно, ја земаме онаа табла со јајца на која прва ќе налетаме или ги купуваме оние јајца