„Континуирано ги следиме желбите на нашите консументи и се трудиме секогаш да бидеме уникатни при лансирањето на новитети на пазарот. Новата понуда на едни од најомилените лебови од Жито Лукс, белиот ролован и полубелиот леб, отсега достапни на парчиња, им овозможува на потрошувачите лесен и практичен начин за подготовка на оброк и уживање во нивниот омилен вкус“ – изјави Даница Ническа, Продукт менаџер во Жито Лукс.(Скопје, 22.08.2014) – Белиот ролован и полубелиот леб на Жито Лукс отсега се достапни и на парчиња. Со овој чекор најголемиот производител на леб во Македонија им го овозможи на потрошувачите омилениот леб во едноставна и практична форма за употреба и консумација.
„Континуирано ги следиме желбите на нашите консументи и се трудиме секогаш да бидеме уникатни при лансирањето на новитети на пазарот. Новата понуда на едни од најомилените лебови од Жито Лукс, белиот ролован и полубелиот леб, отсега достапни на парчиња, им овозможува на потрошувачите лесен и практичен начин за подготовка на оброк и уживање во нивниот омилен вкус“ – изјави Даница Ническа, Продукт менаџер во Жито Лукс.
Белиот ролован и полубелиот леб на парчиња направени се од пченично брашно по традиционален рецепт. Тоа им дава мека структура и златеста крцкава кора. Отсега, внимателно исечени на еднакви парчиња и спакувани во пакување што ја зaдржува нивната свежина нудат бројни можности за брза и едноставна употреба.(Скопје, 22.08.2014) – Белиот ролован и