Белодробните заболувања во пораст, причина е загадувањето на воздухот

Пушењето и аерозагадувањето се главни фактори кои придонесуваат за зголемена појава на хронична опструктивна белодробна болест.Симптомите кои начесто  се јавуваат се пролонгирана кашлица која трае во текот на денот, тешко дишење, замор. Заболувањето придонесува до намалена физичка активност, инвалидитет, смрт. Доколку се делува на време може да се спречи лошиот исход од заболувањето, предупредуваат лекарите, пренесува Алфа телевизија.
Во земјава болеста е во подем како и во светот, дури 200 милиони луѓе во светот  ја имаат оваа болест, 3 милиони умираат од неа.
Токму аерозагадувањето придонесе да се наполнат болниците со пациенти кои се жалат на болки во грлото, кашлица. Зголемен е и бројот на деца со бронхопневмонии.  Ширењето на загадениот воздух според податоците на Институтот за јавно здравје годишно умираат над 1000 луѓе, објави телевизијата.
Мерните станици на министерството за животна средина  периодов  покажаа висока загаденост во населбата Лисиче , концентрацијата во воздухот со ПМ10 честичките  беше  над 500 микрограми на еден кубен метар, загадување има и во Куманово, Битола. Граѓаните велат дека загадувањето на воздухот им создава здравствени проблеми. Дел  пак, велат дека се хранат здраво затоа не се затоа не се разболуваат често.
По повод Светскиот ден на хроничната опструктивна белодробна болест 15 Ноември Институт за белодробни заболувања и туберкулоза  заедно со здружението организираше бесплатни прегледи за мерења на дишната функција.Симптомите кои начесто  се јавуваат се пролонгирана кашлица која трае во текот на денот, тешко дишење, замор. Заболувањето придонесува до нама

Пронајдете не на следниве мрежи: