Бемките може да предизвикаат рак – еве како да се заштитите!

Промените на бемките кои честопати изгледаат сосема безопасно, не ретко може да доведат до рак на кожата.Според истражувањата во последните неколку години стапката на смртност од овој вид  рак загрижувачки се зголемува, а најчестата причина поради која умираат голем број пациенти е фактот што немало навремено дијагностицирање на  болеста.
Кожниот карцином почесто се јавува кај лица што имале во своето блиско семејство болен од кожен карцином и самите тие се со бенки на кожата. Според статистиките, почесто се јавува кај мажите отколку кај жените.
Сончевите ултравиолетови зраци се главен фактор на ризик за појава на кожен карцином.

 
Најчесто ракот на кожата се јавува на региите што се изложени на сонце или на други извори на ултравиолетово зрачење. Изложувањето на сонце се смета дека е главен фактор за појава на кожниот карцином.Од голема важност за рано откривање на ракот на кожата е самопрегледот. Тој треба да се изведува еднаш месечно.
Промените на бемките понекогаш може да бидат мошне очигледни, а друг пат сосема банални, па токму затоа е потребно редовно да го прегледувате своето тело.
-Меланомот најчесто се препознава по ненадејната промена на пигментацијата во самиот младеж или во промена на рабовите, зголемувањето на младежот, негово испакнување. Некогаш се појавува и чешање во самиот младеж како и крвавење, но често се случува промените да се сосема банални.

 
Како да спроведете самопреглед?-Прво направете преглед на лицето и ушите. Темето и косата нека ви ги прегледа некој близок бидејќи логично е дека нема да можете сами да го направите тоа.
-Не ги заборавајте пазувите, лактите, стомакот и градите. Жените треба да посветат внимание и на делот под градите.
-Со помош на огледало прегледајте ја внатрешната страна на бутините, нозете, задникот, стапалата и половите органи.
-Потоа посветете внимание на грбот и целата задна страна на телото.
Дерматолошки преглед
За дијагностицирање кожен карцином е неопходен преглед од страна на дерматолог. Дигиталната слика која што ќе ви биде направена ги зголемува младежите за 120 пати па полесно може да се воочи било каква промена и дали таа е рак или пак станува збор за лажна тревога.

КОМПЈУТЕРИЗИРАНА ДЕРМАТОСКОПИЈА
Дерматоскопијата е нова неинвазивна дијагностичка техника, која користи оптичко зголемување и набљудување на малите кожни промени што не се видливи со голо око. Со овој метод се овозможува разликување на меланоцитните од немеланоцитните пигментирани промени на кожата.  
Притоа се одредува и степенот на ризик за малигнитет. Ако бенката има потреба да се следи во подолг временски период, сликата останува запаметена и е на располагање за споредба со секоја наредна контрола. Оваа софистицирана дијагностичка процедура овозможува рано откривање на ракот на кожата, особено на малигниот меланом, кој е најопасен вид кожен карцином.
MАЛИГЕН МЕЛАНОМ
Малигниот меланом е видлив тумор и поради тоа е можна рана дијагноза. Промената е лесно видлива и пациентот може сам да ја забележи.
Раната дијагноза е единствен начин да се намали смртноста од меланомот во денешно време, бидејќи лекувањето на проширената болест има незначително влијание врз преживувањето.
Во поставување на дијагнозата на малигниот меланом многу се важни асиметријата, ирегуларноста на рабовите, промена на бојата (темноцрна боја) и дали има дијаметар поголем од 6 милиметри, секреција, инкрустација или крвавење (не е карактеристична за бенките). Дијагноза поставува дерматолог.
Извор. babinlek.comСпоред истражувањата во последните неколку години стапката на смртност од овој вид  рак загрижувачки се зголемува, а најчестата причина поради

Пронајдете не на следниве мрежи: