Глумецот и режисер Бен Афлек ќе игра во продолжението на филмот „Челичниот човек“ во кој тој суперхерој прв пат ќе се појави рамо до рамо со Супермен, објавија од студиото на “Warner Bros“.Оскаровецот ќе го толкува ликот на „мрачниот витез“ во новото продолжение на “Челичниот човек“.
Режисерот Зек Снајдер изјавил дека Афлек носи интересна контра- рамнотежа во однос на Хенри.
„Неговите актерски способности се способни да го пренесат ликот на суперхеројот кој е постар и помудар од Кларк Кент и кој носи со себе траги од борбата против криминалот, па и воедно одлично може да го прикаже шармот на Брус Вејн“, кажа Снајдер.
Снимањето на новото продолжение започнува следната година, а премиерата на филмот се очекува да биде на 17 јули 2015 година.Оскаровецот ќе го толкува ликот на „мрачниот витез“ во новото продолжение на “Челичниот човек“