Бен Пастернак е тинејџер од Австралија кој на 15 години создаде апликација што во октомври минатата година се покажа одлично на App Store. По успехот што го постигна со Impossible Rush, беше само прашање на време кога некој од гигантите ќе се заинтересира.Impossible Rush стана попопуларна од Twitter и Vine, а медиумите го прогласија Бен за новиот Марк Закерберг. Тој веднаш го привлече вниманието на компании како Facebook, Google, па и Yahoo од кaде се обидуваат да го ангажираат.
Facebook веќе му доставил покана за да ги посети нивните канцеларии во Калифорнија, а воедно доби покана и од кампусот на Google. На сиот овој интерес, Пастернак засега одговара само со „Ќе видиме“, пренесува Mashable.
Уште поимпресивен од успехот со Impossible Rush е неговиот обид да ја создаде апликацијата One, која сите активности од социјалните мрежи (Facebook, Twitter, Instagram) ги прави достапни на едно место. Она што е интересно кај Пастернак е што она што тој го создава, барем засега, не го прави за пари. Доказ за тоа е што Impossible Rush му ја продаде на Карлос Фахардо за 200 долари. Главно, Пастернак знае дека може да направи многу повеќе од тоа.
Повеќе на: GSM.mkImpossible Rush стана попопуларна од Twitter и Vine, а медиумите го прогласија Бен за новиот Марк Закерберг. Тој веднаш го привлече вниманието на к