Бенитез потврдил дека заминува

Loading...

Менаџерот на Челзи, Рафаел Бенитез, во интервју за „BBC“ потврдил дека ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната.

Шпанецот ги критикувал навивачите на Челзи за кои рекол дека не му помагаат на тимот. „Не мораат тие да се грижат за мене, јас секако заминувам на крајот од сезоната. Група на навивачи секогаш пее против мене. Тие треба да се сконцентрираат кон тимот, да му ја дадат својата поддршка“, рекол Бенитез. Шпанецот дополнил дека тој е професионалец и дека на секој натпревар сака да победи со Челзи. Според него челниците на клубот направиле голема грешка кога го нарекле „привремен тренер“.
Макфакс
Менаџерот на Челзи, Рафаел Бенитез, во интервју за „BBC“ потврдил дека ќе го напуш

loading...