Шпанските медиуми потврдија дека Карим Бензема повторно имал сообраќајна незгода, за среќа станува збор за не толку сериозен инцидент, во кој најмногу се оштетени возилата, додека возачите се добро.Аудито на фудбалерот настрада од Нисан со кој управувал друго непознато лице. Ниту кај двајцата возачи не се најдени траги од алкохол во крвта.
Бензема во 2009 година го имаше својот прв сообраќаен инцидент во Шпанија, кога поради брзо возење излета од патот и удри во ограда, а подоцна го чукна своето Ламборџини кога се враќаше од прослава на својот роденден.
Тој е познат како непримеран возач кој на два пати досега е казнет поради брзо и неприлагодено возење, бидејќи возел со 200 км/ч на Ибица и во едно предградие на Мадрид.
Аудито на фудбалерот настрада од Нисан со кој управувал друго непознато лице. Ниту кај двајцата возачи не се најдени траги од алкохол во крвт