Бердих сигурен во себе: Го победив Новак последниот пат, можам повторно!

Чешкиот тенисер, Томаш Бердих, вели дека би можел повторно да го совлада Новак Ѓоковиќ, но овој пат во четврт-финалето од Вимблдон.
Седмиот носител на Вимблдон, Томаш Бердих, ќе игра со првиот носител Новак Ѓоковиќ, во рамките од четврт-финалето од ова натпреварување, чехот верува дека може да го повтори успехот од пред три години кога го совлада српскиот тенисер во полуфиналето.
„Веќе играв едно четвртфинале Гренд Слем оваа сезона, ривал ми беше Ѓоковиќ, повторно се среќаваме во иста фаза. Знам како да го победам, го совладав минатиот пат, ќе се обидам повторно тоа да го изведам“ изјави Бердих.Чешкиот тенисер, Томаш Бердих, вели дека би можел повторно да го совлада Новак Ѓоковиќ, но овој пат во четврт-финалето

Пронајдете не на следниве мрежи: