Албанскиот премиер Сали Бериша се заложи на претстојните парламентарни избори да може да гласаат лица со наполнети 16 години, јави дописникот на Макфакс.Бериша, инаку лидер на албанската десница, на средбата со парламентарната група на владејачката Демократска партија, изјави дека ќе побара официјално од опозицијата да се разгледа можноста младите наместо на 18 години, да можат да гласаат на парламентарните избори оваа година од нивната 16 годишна возраст.Бериша рече дека оваа барање е сè поприсутно меѓу младите, што според него држи и да се спроведе.Албанскиот премиер додаде дека ако се постигне договор со најголемата опозициона партија, Социјалистичката, тогаш на претстојните парламентарни избори во јуни годинава младите ќе можат да гласаат од нивната 16 годишна возраст.Засега нема одговор од страна на опозицијата околу овој најнов предлог на партиите од власта.
МакфаксАлбанскиот премиер Сали Бериша се заложи на претстојните парламентарни избори да може да гласаат лица со наполне