Германија конечно му ја врати украдената уметничка слика на Полскиот Национален музеј, која нацистите ја запленија во 1939 година.Шефот за дипломатија на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер вчера му ја предаде на својот колега Радослав Сикорски сликата „Дворски скали“ од венецијанскиот сликар Франческо Гвардија. Сликата била украдена за време на окупацијата врз Полска од страна на Германија и по војната завршила на Универзитетот Хајделберг, а потоа во Државната галерија во Баден-Виртемберг.
Кон крајот на деведесеттите години, германските власти признале дека уметничкото дело и припаѓа на Полска.
Берлин се надева дека со оваа постапка ќе се покренат разговори за 300.000 документи, вклучувајќи и оригинални ракописи од Моцарт и Бетовен, кои се во полска сопственост и кои треба да и се дадат на Германија. Меѓутоа, разликите во политичките гледишта помеѓу Берлин и Варшава за уметничките дела што се изгубени за време на Втората Светска војна ги спречуваат двете страни да постигнат договор – оценува BBC.Шефот за дипломатија на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер вчера му ја предаде на својот колега Радослав Сикорски сликата „Дворски скали&ldquo