Германската влада очекува границите да бидат заштитени согласно меѓународното право, соопшти официјален Берлин. Без коментар за употребата на солзавец во Идомени.Портпаролот на германската влада Штефан Зајберт на денешната редовна прес-конференција одби да го осуди користењето на солзавец од страна на македонските безбедносни сили против бегалците и мигрантите на граничниот премин кон Грција.
– Границите треба да бидат заштитени согласно меѓународните правила – изјави Зајберт, коментирајќи го на тој начин прашањето од новинарите, дали Берлин ќе ја осуди употребата на солзавец и гумени куршуми од страна на македонските безбедносни сили.
-Контролата на границите, во секоја земја, мора да биде на линија со меѓународните правни стандарди – рече Зајберт, кој им порача на мигрантите дека „обидите да ја преминат границата не е надежно решение“.
Зајберт соопшти дека германската влада „со загриженост ги следи тешките услови за живот во привремениот камп во Идомени како и случувањата на грчко-македонската граница во последните 24 и 48 часа“.
Најголемиот дел од илјадниците бегалци и мигранти кои со месеци се заглавени во Идомени посакуваат да стигнат токму до Германија. Од затворањето на балканската рута на почетокот на минатиот месец, осетно се намали и бројот на мигранти кои пристигнуваат во Германија, откако земјата минатата година прими повеќе од 1,3 милиони луѓе.Портпаролот на германската влада Штефан Зајберт на денешната редовна прес-конференција одби да го осуди користењето на солзавец од страна на македо